s
s
s
s
s
s
s

El contenido de esta página requiere una versión más reciente de Adobe Flash Player.

Obtener Adobe Flash Player

Ljubinka Doneva
Nacionalidad:
Macedonia
E-mail:
donevaljubinka@yahoo.com
Biografia

Ljubinka Doneva 

Ljubinka Doneva (1952) was born in Sokolarci, near Kočani. She has studied literary at the department of philology, on ,, Kiril I Metodij” in Skopje. She has spent her working years as a teacher  of Macedonian literature and language.

She also writes literary critique, essays, and children's literature.

She has participated in academic conferences in the fields of literature and language at home and abroad.

She is the author of the following books of poetry: Dlaboka soba, Mojata azbuka, Detali vo svetosta, Prikaznata što (ne) ja sledam.

For children, she has written: Tancot i princot na boite (a play), Kako nastanale cvekjenjata (fairy tales), and Carka Veterka, and a collection of stories.

Her work has appeared in a few anthologies of Balkan literature. Her poems have been recited in Bosnia, Croatia, Bulgaria, and Italy.

She lives and writes in Kočani.

 

THE HOUSE OF EMPTYNESS

(КУЌАТА НА ПРАЗНОТО)

 

The emptiness puffs up

Boasting

I’m ruling in this house

My strength feeds

Of your souls

Doors are open for my feast

I’m playing with you

As in wide rooms

On labyrinths

Here I am

But you can’t find me

You wish

But can’t drive me off.

 

IF

(АКО)

 

We strive

For spaces

Unfelt yet

And virtual ones,

But even if we

Get there once,

Shall we oblige

The Chaos to obey,

Or shall we linger

In a chasted flame

Drowned in wine

Shall we leave behind

A flame

And sand of wine.

 

INNER CRYSTAL

(ВНАТРЕШЕН КРИСТАЛ)

 

My joyful thought

Forgotten lump

Light in my body

Dashing scents in aureole

O, God

Give me the strength

To praise the moment

And not to stir the pain

Not to overwind the silence

Thus the storm will temper

In silence

To the end.

 

THE VOICE
(Leaving)

(ГЛАСОТ

(На заминување)

 

Your body melts

Disappearing swiftly

From the bed

Arising voice

With wisdom of consolation

Everything is a lie and all will pass

Just while it lasts

Shall  sear

He said.

 

TO BE SMALL

(ДА СЕ БИДЕ МАЛ)

 

What bothers me

not to be famous and big

but find a haven in the small

Like seeds

That sow the light

And even smaller

To be invisible and small

Invisibility is the force

To be invisible and strong

To be a particle in drop

To dare

To seek for you with cosmic lens

To reveal the secret of the universe

Through you

I want the small thing

The invisible one

To be my haven and force.

 

THE DARKNESS

(ТЕМНИНАТА)

 

The blood of the darkness

Has spilled sultry resin

On the floor of

The old house

And floods

the cellar and the rooms

Arises

On all sides whirls

And swirls

Through each angle

Breading haze

Alluring

Sob.

 

Љубинка Донева 

Љубинка Донева (1952) е поетеса, писател за деца, литературен критичар, есеист и лексикограф. Родена е во село Соколарци, близу Кочани. Основното образование го завршила во родното село, а гимназија во Кочани. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на универзитетот Свети Кирил и Методиј, на групата за книжевност и македонски јазик. По дипломирањето се вработува како средношколски професор и работниот век го поминува токму како професор. Работата ѝ ја изострува перцепцијата кон книжевната естетика и ја поттикнува на проследување и промоција на голем број автори.

Таа самата, е автор на книгите поезија:

Длабока соба

Мојата азбука

Детали во светоста и

Приказната што (не) ја следам

За деца ги има напишано:

Танцот и принцот на боите, драмски текст (влезен во антологија на драмски текстови за деца)

Како настанале цвеќињата, авторска бајка (влезена исто така во антологија на авторски бајки) и

Царка Ветерка, раскази за деца

Составувач е на Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова-Јоциќ

Поезија и книжевни критики објавува во литературната периодика.

Учесник е на неколку научни симпозиуми.

Член е на ДПМ (Друштвото на писателите на Македонија) и член на Собранискиот одбор при ДПМ.

Била член на жири за доделување награда за книжевност за деца при ДПМ и члена на редакцијата на Стожер, гласило на ДПМ.

Застапена е во неколку домашни и балкански антологии.

Нејзини песни се препеани во Босна, Хрватска, Словенија, Бугарија (Литературен свјат) и Италија.

Најново од книжевната работилница на Љубинка Донева се песните препеани на англиски јазик со кои е влезена во меѓународната писателска асоцијација

World Wide Writers.

Живее и твори во Кочани.

 

КУЌАТА НА ПРАЗНОТО

 

Се топори празното

Се фали

Јас царам во оваа куќа

Ми се умножува силата

Од вашите души

Отворени врати за мојата гозба

И како во широки соби

Во лавиринти

Си поигрувам со вас

Тука сум

А не можете да ме најдете

Сакате

А не можете да ме избркате.

 

АКО

 

Стремиме

Кон предели несетени

И  виртуелни

А ако простори нови

Освоиме

Ќе го покориме ли

Хаосот

И(ли)

Ќе останеме ли (пак)

Само невина огневина

Во вина изгасната

Ќе оставиме ли зад нас

Огневина

И песок од вина.

 

ВНАТРЕШЕН КРИСТАЛ

 

Мојата радосна мисла

Заборавена грутка

Светлина во моето тело

Млаз мириси во ореол

О господи

Дај ми сила

Да го почитувам мигов

Да не ја вознемирам болката

И тишината да не ја превртам

Од наопаку

И бурата во занеменоста

(За) да се доискали

 Доискапи.

 

ГЛАСОТ

(На заминување)

 

Од постелата во која се топи

И забрзано исчезнува

Твоето тело

Изронува гласот

Со утешни мудрости

Та се` е лага и се` ќе помине

Само додека минува

И пече

Рече.

 

ДА СЕ БИДЕ МАЛ

 

Мојата мака не е да се биде

Славен и голем

Ситното  сакам да ми биде пристан

Како семките

Светлина што нова плодат

И уште поситно

Да се биде мал и невидлив

Невидливоста е моќ

Да се биде невидлив и моќен

Да се биде честичка во капка

Да предизвикуваш

Со лупа космичка да те бараат

Тајната на космосот

Преку тебе да ја растајнуваат

Ситното сакам

Невидливото

да е ми е пристаниште и моќ.

 

ТЕМНИНАТА

 

Крвта на темнината

Истурила леплива смола

На подот од

Во  старата куќа

И сега ги полни

И визбата и собите

расне

На сите страни кружи

Се вие

Низ сите агли

Магли теста

Лепи

Лелек.

 

 

 

Desarrollado por: Asesorias Web
s
s
s
s
s
s
s