s
s
s
s
s
s

El contenido de esta página requiere una versión más reciente de Adobe Flash Player.

Obtener Adobe Flash Player

Zoran Pejkowski
Nacionalidad:
Macedonia
E-mail:
zoran.pejkovski@yahoo.com
Biografia

Zoran Pejkowski  

Зоран Пейковски е магистър по театрално изкуство. Писател, драматург на Охридския народен театър, поет и публицист. Превеждан е на различни чужди езици, между които английски, френски, руски, български, гръцки, албански, сръбски, румънски, португалски и т. н. Член е на Дружеството на писателите на Македония и на неговия управителен съвет, председател е на Битолския литературен кръг и е член на Македонското научно дружество, където е ръководител на Центъра за култура и литература, за драматично и филмово изкуство и книгоиздаване. Носител е на много национални и международни награди и признания, сред които голямата награда на община Битоля за литература и книжовност за 2014 г. Главен редактор е на информационния седмичник „Публичност”, на списанието за литература, изкуство и култура „Растеж” и на списанието за култура, литература, драматично и филмово изкуство и книгоиздаване „Съвременни диалози”.

 

ИСКУШЕНИЕ НА ЖИВОТОТ

Одлета како мисла

во небеските царства,

непокорна и силна,

замина телото

во вечноста

на колебливоста,

за да остане

твојот дух,

овде со нас.

Ги прелета Ти

сите гори,

и на сите планини Ти

се искачи,

И сите мориња, Ти

ги преплива

за да се вратиш

меѓу своите

барајќи ја вистината,

оти Ти

стана искушение на животот.

 

 

ЈАВЕТЕ МИ

Сеќавањето

низ песна

ни останува

како приказание

без временско,

како позлатена

Mесечина

која не опоменува

дека немаме ништо,

иако имаме с#.

Засекогаш го губиме

сонот,

оти некој

ни го украде,

па наместо очи,

темнина ни даде.

Јавете ми

за поменот

на браќата

кои ме оставија

        во болка да се сеќавам.

 

        СЕГА ЗНАМ

Сега ти сон стокми,

сон на вечноста,

оти доцна за разговор е,

а имавме толку многу

да муабетиме,

за Слоештичките води,

што го миеjа твоето

утринско лице,

за Петрета,

за Владета наш,

за Бели Mост

што ни ја дели куќата од реката,

за сè, а малку кажавме.

Сега знам,

сега е доцна за разговор,

оти се спуштија

сите небески параболи

во фокусот на времето запрено,

во темното дно на конечноста.

Сега знам,

веќе нема да испловат корабите,

од здивот на бесмртноста

што расејуваше со поглед

преку океаните.

 

 

ЗОШТО?!

Зошто

Тагата мора,

дел од нас

да биде.

Зошто

болката и плачот

мора да нè полнат.

Зошто

Сонцето да не го видиме.

Зошто

Сонцето да не го сетиме

кога

најповеќе гo сакаме.

Зошто

сè брзо оди,

заминува,

го снемува.

Зошто умира?

Зошто?

Нема утеха за болката

од смртта братска

и нема сон спокоен

         за изгубеното.


 

Desarrollado por: Asesorias Web
s
s
s
s
s
s