s
s
s
s
s
s

El contenido de esta página requiere una versión más reciente de Adobe Flash Player.

Obtener Adobe Flash Player

Petko Shipinkarovski
Nacionalidad:
Macedonia
E-mail:
ezerostruga@yahoo.com
Biografia

Petko Shipinkarovski 

Петко Шипинкаровски ( Био- библиографска белешка)

Петко Шипинкаровски (1946) с. Будимирци, битолско. Дипломирал на Универзитетот ”Свети Климент - Охридски”- Скопје со диплома - Дипломиран правник - насока безбедност.

Работел како вонреден дописник за весникот ,,Нова Македонија”.

Негови издадени дела се: ,,Откорнати души’’-роман, 2003; ’’Духот на војводата”- монодрама, 2003; „Петра’’- роман, 2005; „Црна љубов’’- роман 2006; “Дабјак”- роман 2009:, “Златни обетки за Марија”- роман, 2011; “Децата на Марија” роман, 2012: романизирани монографии, ,,Кога тргнав, Цвето, во туѓина”, 2006; и ,,Струшки сведоштва”, 2007; поетски збирки ’’Седело на орлица’’, 2006; и “Бели ветрови, 2009; :Злоуми”, 2011 и “Бели утра” 2013; „ Од еден до друг брег/ Од једне до друге обале“; 2014, „Кога животот е уметност, уметноста е живот“ Есеи, 2014; книгата ,,Рудолф Арчибалд Рајс, за Македонија и за Македонците, 2006;  автор (ко автор со Разме Кумбароски) е на збирка собрани песни ,,МИЛАДИНОВЦИ” – 145 години од излегувањето на Зборникот на народни песни од Браќата Миладиновци’’, 2006; и автор и уредник на книгата Есеи  на научни трудови и прилози, 2010, како и на повеќе авторски прилози.

 Член е на Друштвото на писателите на Македонија и член на Македонското научно друштво од Битола.

Учесник е на повеќе научни и литературни манифестации: ,,Струшки вечери на поезијата”, 2004, и 2008, Празник на липите, 2007, Поетски денови ”Илинден” Скопје, 2007, 2008 и 2009, Пелагонски културно научни средби, Новаци, 2006, 2008 и 2009, 2010 и 2013 Меѓународна литературна манифестација ,,Година на есејот”, во Струга, 2007, 2008,  2009и 20010, „Мелнички поетски вечери 2010“ и 2013,, Денови на пријателите на книгата, Риека, и Научно-книжевниот собир „Петар Канавелиќ", Корчула,  2014  (Хрватска), и др. Претставен е во Друштвото на писателıте на Србија и направен му е портрет на Саемот на кнıгата во Белград.

Преведен и препеан е на српски, хрватски, бугарски, полски, романски и други јазици. Главен и одговорен уредник е на списанието за литература култура и наука „Бранувања“, и организатор на меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби”.

 

ЗАПРИ ЈА БУРАТА

 

Запри, запри ја бурата.

Скроти го бранот плима,

топлиот блесок

очите го раскопуваат

темелот на сонот.

Запри го неспокојот

скриените вибрации на возбудите.

По ѓаволите,

тргни ја гравитацијата што

маѓепсува, месечината што опива

во лунарниот свет, згасни ја.

Копитото на душата

нека ја пее аријата на

ведите јата во

океанот копнежи на

нашата рапсодија.

 

МОЛЧЕШКУМ НОЌТА В ЧЕСТАК ДИШЕ

 

Тупотат скорни од твоите думи

а мрка наметка потиска, стемнува денот.

Седам сам, слушам; мек глас уми, миг се  рони.

Стинее векот, расткајуваш в безноќие.

Колеснице, го чекам сонот.

Тешко бреме спростира тишината          

 

Подзапира здивот: осамено јас

и твојата става в час притиснат в дружба

                                               слушам глас:

„Дива недопрена ко в забест лед

молчешкум ноќта в честак дише“.

Тешко бреме спростира тишината.

 

И пак слушам буот, допира одек:

Тупотат скорни од твоите думи

вденува луто време 

                           диво разгорува, дреме.

А немо реже мрачнината, ѕвечи.

Тешко бреме спростира тишината.

 

                                                            Март 2012

ТЕ ВИДОВ

Ноќ!
Те видов кога ја слече
кошулата и на темнината како
се мрестиш и
со златни зрна висорамнината
ја зазори.
Те видов.
Само 130 отчукувања на часовникот,
злато сребрени иглички
погача од бело злато се изроди.
На видикот парталава ја
остави крвавата кошула
закачена на големата карпа,
ја голтнаа ведите на
големата планина.
Те видов.
И кога со злато жолта наметка
го покри мојот двор и
топло ме облеа.
И тогаш, овде се роди денот августовски...

 

БАКНЕЖ НА ВИДИКОТ

О каква егзотика!
Бакнеж на видикот.
На брегот
во прегратка небото и морето
страстно се љубат.
Месечната сонлива плови кон
гребенот на земјениот брег.

Нулта точка на хоризонтот.
Морето бранува.
Пред големата порта
со звуците на препознатливата
стара песна боговите се ракуваат.
Којзнае!?
Можеби се здравувања за влез
во некој нов свет!
Можеби?
Зошто овде
во небесно морскиот појас
светот е безграничен?

 

ЗАПРИ ЈА БУРАТА

Запри, запри ја бурата.
Скроти го бранот плима, 
топлиот блесок 
очите го раскопуваат 
темелот на сонот.
Запри го неспокојот 
скриените вибрации на возбудите. 
По ѓаволите, 
тргни ја гравитацијата што 
маѓепсува, месечината што опива 
во лунарниот свет, згасни ја.
Копитото на душата 
нека ја пее аријата на 
ведите јата во
океанот копнежи на
нашата рапсодија.

Петко Шипинкаровски/ Република Македонија

 


 

Desarrollado por: Asesorias Web
s
s
s
s
s
s